Утрински Весник
Македонија

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал

Whatsapp image 2026 04 09 at 15.02.37.jpeg

На 22.10.2026 околу 20:45 часот во ОВР Виница било пријавено дека на крстосница од ул.„Маршал Тито” со ул.„Ленинова” во Виница се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди” со винички регистарски ознаки, управувано од Д.П.(42) од Виница и патничко возило „ауди” со винички регистарски ознаки, управувано од П.П.(24) од с.Лески, виничко, кој по несреќата го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.П.(58) од Виница, сопатник од возилото „ауди”, кое го управувал Д.П. кој се здобил со телесни повреди, како и сопатниците, 39-годишната И.П. и Е.П.(54), констатирани во Итна медицинска помош Кочани и Клиничка болница Штип.


По преземени мерки, возачот П.П. е пронајден и лишен од слобода, а при извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Виница и по целосно документирање на настанот, против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари