Утрински Весник
Спорт

Наполи ќе се обиде да го врати Кавани на „Сао Паоло“

Кавани ќе потпише договор со Атлетико

Неапол, 16 јуни 2020 (МИА) – Наполи ќе се обиде да го врати напаѓачот Единсон Кавани, кој е слободен агент уште од ова лето по истекот на неговиот договор со Пари Сен Жермен, пишува француското издание „Le10Sport“.

Неаполитанците го контактирале „матадорот“ и ќе се обидат да го вратат на „Сан Паоло“.

Триесет и три-годишниот Уругваец играше за Наполи во периодот 2011-13 и постигна 104 голови на 138 натпревари до неговиот трансфер во ПСЖ за 64 милиони евра.

Интер и Атлетико Мадрид, исто така, се заинтересирани за Кавани.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара

Турција по 24 години повторно на Светско првенство – Косово падна со 1:0