Утрински Весник
Спорт

„Јас и Робен во еден момент бевме подобри од Меси и Роналдо“

„Јас и Робен во еден момент бевме подобри од Меси и Роналдо“

Тандемот Аријан Робен-Франк Рибери, цела деценија доминираше во Баерн Минхен. Круна на нивните кариери беше освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите, во 2013 година.

Робен ја заврши кариерата, додека Рибери се уште не заминал во пензија, тој е член на Слернитана.

Во напонот на силата, овие двајца беа незапирливи. На многумина не им е јасно како ниту еден од нив не успеа да ја освои Златната топка. Причината е што тие играа во ерата на Меси и Роналдо.

Рибери смета дека во еден момент тој и неговиот соиграч бил подобри од Аргентинецот и Португалецот.

„Искрено мислам дека јас и Робен во еден момент бевме подобри од Меси и Роналдо. Сепак тие во тој период играа Ел Калсико, што се вели еднаш месечно. Публиката ги гледаше многу повеќе него мене и Робен. На крајот тоа беше пресудно“, рекол Рибери.

> „Јас и Робен во еден момент бевме подобри од Меси и Роналдо“ <

Можете да прочитате

САД не одобрија визи за дел од стручниот штаб на Иран пред СП

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026

Јамал фудбалер на сезоната во Ла Лига