Утрински Весник
Економија

Биткоинот достигна нов историски рекорд – вреди над 60 илјади долари

Биткоинот достигна нов историски рекорд – вреди над 60 илјади долари

За прв пат во историјата биткоинот се искачи над 66.000 долари, достигнувајќи рекордно високо ниво. Во 2021 година биткоинот скокна над 100%, а само во октомври се зголеми за над 30%.

Оваа година беше полна со позитивни вести за криптовалутите. Институционалните инвеститори и компании се повеќе го поддржуваат биткоинот. Тесла поттикна скок на цената кога објави дека купил биткоин во вредност од 1,5 милијарди долари.

„Mastercard“ ги објави плановите за поддршка на криптовалутите на својата платформа оваа година. Технолошкиот гигант „Епл“ објави во февруари дека „Епл пеј“ ќе поддржува и плаќања со биткоин на својата платформа. Неодамна е основан првиот (ЕТФ) инвестициски фонд во САД, кој инвестира во биткоин, што претставува своевиден пресврт за легитимирање на биткоинот и влез во светот на финансиите.

Друга причина за поскапувањето на биткоинот се малите инвеститори кои се плашат да не пропуштат нова можност на дигиталниот пазар и се одлучуваат да купат криптовалути. Покрај тоа, понудата на Биткоин се намалува бидејќи трошоците за ископување на една монета стануваат повисоки, што исто така го поттикнува растот на цената.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра