Утрински Весник
Свет

Шпанија – помладите од 55 години кои прележале Ковид-19 ќе добијат по една доза вакцина

Шпанија – помладите од 55 години кои прележале Ковид-19 ќе добијат по една доза вакцина

Шпанија ќе им даде само една доза на вакцина на лица помлади од 55 години кои биле заразени со коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство во најновата промена на стратегијата за вакцинација.

„Времетраењето на отпорноста кон вирусот по инфекцијата е непознато, но истражувањата покажуваат дека единечна доза кај овие луѓе го зголемува имунитетот“, се вели во упатството.

Франција воведе слична политика претходно овој месец и италијанските политичари размислуваат да го следат истиот пат.

Шпанија веќе ги советуваше луѓето кои немале тешка форма на Ковид-19 да чекаат шест месеци од дијагностицирањето пред да бидат вакцинирани.

Во Шпанија се вакцинирани околу 2,2 милиони граѓани од приоритетните групи како што се корисници и вработени во домови за стари лица, лица над 80 години и медицински персонал во првите редови во борбата против коронавирусот. Од нив, 1,2 милиони добиле две дози.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг

Најмалку деветмина повредени во силниот земјотрес во Јапонија

Следната фаза од случајот за екстрадиција на Џулијан Асанж во САД ќе започне во мај