Утрински Весник
Македонија

Повредени седум полицајци и осуммина приведени на протестот за „Монструм“

Повредени седум полицајци и осуммина приведени на протестот за „Монструм“
Ss2

На протестот за пресудите во случајот „Монструм“ се повредени седум полицајци.

Од МВР, исто така, информираат дека се приведени осум лица и дека се работи за пронаоѓање и прведување на уште лица учесници во протестот.

Img 5587

Неколку пати попладнево демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Фрлаа шишиња, запалки, столови кон полиција, а дел од нив, маскирани со фантомки, со цело тело се фрлаа во полициските штитови, но полицијата не им дозволи да се доближат до судовите.

Протестот заврши кога полицијата ги потисна демонстрантите кои имаа намера да одат до Собранието и ги принуди да се вратат кон Бит-пазар.

 

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Анализа: Претседателска дебата – Пендаровски доминираше, Силјановска нервозно и цинично одговараше

Пендаровски: Силјановска е соучесник на Мицкоски кога упатува навреди кон мене

Николоски од Струмица: Врвен претставник на криминал и корупција во Македонија е Артан Груби