Утрински Весник
Македонија

Шахпаска: УНИЦЕФ е поддржувач и партнер во многу проекти во кои фокусот е заштитата на правата на децата

Шахпаска: УНИЦЕФ е поддржувач и партнер во многу проекти во кои фокусот е заштитата на правата на децата

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција Ди Џовани, на која се разговараше за тековните и идни проекти и соработката помеѓу двете институции.

„Грижата за децата е приоритет на Министерството за труд и социјална политика и оттука мошне е значајна соработката со УНИЦЕФ како организација која ги заштитува правата на децата на светско ниво“, истакна министерката Шахпака.

На средбата се разговараше за тековните проекти и предизвици кои ги донесе пандемијата на корона вирусот и промената во начинот на функционирање на институционално ниво, но и воопшто како општество. Министерката Шахпаска посочи дека соработката со УНИЦЕФ е од големо значење во насока на можностите за примена на светските практики и воспоставување на највисоките стандарди со цел обезбедување на најдобриот интерес на детето.

Во пресрет на Светскиот ден на децата – 20 ноември и јубилејот од 30 години од стапување на сила на Конвенцијта за правата на детето, на средбата се разговараше и за заедничкото учество во одбележувањето на овој ден во нашата држава.Двете соговорнички изразија уверување и подготвеност за продолжување на одличната соработка и во иднина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стојчевски: Со Мицкоски, младите се заборавени, понижени и тепани од криминалната власт

Уставниот суд со појаснување до Судскиот совет во врска со за извршувањето на одлуките

Една четвртина од учениците на возраст од 15 до 16 години се коцкале за пари во последните 12 месеци