Утрински Весник
Македонија

Царовска на состанок со работната група МОН-МЛАДИ

Царовска на состанок со работната група МОН-МЛАДИ

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска учествуваше на онлајн состанок на работната група МОН-МЛАДИ на кој беше усвоен деловникот за работа и беше избран претседавач.

„Студентите и младите се еден од клучните партнери на министерството во креирањето успешни политики со кои ќе создадеме современо и квалитетно образование, но и ќе работиме на подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард. Затоа сите законски решенија, политики и мерки ќе поминуваат низ оваа работна група од која очекувам посветеност, иницијатива и идеи со кои ќе ги менуваме работите на подобро“, рече министерката Царовска.

Младите ја поздравија иницијативата за формирањето на оваа работна група и најавија дека активно ќе работат на креирање младински политики. Во работната група МОН -МЛАДИ учествуваат претставници на младинските организации, Универзитетско студентско собрание и Сојузот на средношколци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стојчевски: Со Мицкоски, младите се заборавени, понижени и тепани од криминалната власт

Уставниот суд со појаснување до Судскиот совет во врска со за извршувањето на одлуките

Една четвртина од учениците на возраст од 15 до 16 години се коцкале за пари во последните 12 месеци