Утрински Весник
Македонија

Чулев: Секој обид за поткуп врз гласачите ќе биде санкциониран

Чулев: Секој обид за поткуп врз гласачите ќе биде санкциониран
300x250 (7)

Секој обид за поткуп или за било какво влијание врз гласачите ќе биде соодветно евидентиран и ќе бидат преземени мерки за негово санкционирање, порача министерот Наќе Чулев за време на посетата на Регионалниот центар Исток, Одделенијата за внатрешни работи во Делчево и Берово и полициското одделение во општина Ново Село.

Организацијата на парламентарните избори со посебен фокус на спречување на изборниот поткуп беа темите во фокус на работните состаноци.

Ss1

Од страна на раководствата на трите одделенија министерот Чулев беше запознат со мерките и активностите кои се преземаат од нивна страна, а со кои треба да се гарантираат безбедни и демократски избори. Од нивна страна беше потенцирано дека веќе се изготвени оперативните планови со кои се покриваат критичните точки.

Министерот Чулев потенцираше дека изборите мора да бидат фер и демократски, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат и во таа насока обврска на полициските службеници, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи е да ги преземат сите неопходни мерки со кои ќе се гарантира безбедноста на изборите.

Тој ги повика полициските службеници да постапуваат согласно законските прописи и да се отргнат од било какви политички влијанија и притисоци. Обврска на секоја полициски службеник е да го штити интересот на граѓаните и безбедноста на државата и кога ова е во прашање нема и не постои никаков компромис, додаде Чулев.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се отажале

Мицкоски: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби