Утрински Весник
Македонија

Уапсен 59-годишен маж кој им испраќал еротски фотографии на малолетнички на „Фејсбук“

Уапсен 59-годишен маж кој им испраќал еротски фотографии на малолетнички на „Фејсбук“

Полицијата приведе 59-годишен маж од село Ораовица, радовишко, со престојувалиште во село Ерџелија, светиниколско кој е обвинет дека им испраќал еротски фотографии на малолетнички на „Фејсбук“.

Како што соопшти МВР, полицијата вчера го приведе Б.Т.(59) од , поради постоење основи на сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.

„Извршен е претрес во домот на М.А.(63) во село Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот. По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство“, соопшти МВР.

Осомничениот им испраќал еротски фотографии на малолетнички и им се заканувал дека ќе бидат киднапирани и силувани ако кажат некому за пораките.

Можете да прочитате

Филипче му понудил на Битиќи да се врати за потпретседател на СДСМ – тој се уште размислува

НОВ ОБИД ЗА ДЕБЛОКАДА: Муцунски и Петрова-Чамова на средба во Софија

Речиси 10 месеци во куќен притвор, а земал судиска плата – Ристов разрешен дури на 30 септември