Утрински Весник
Свет

Германија сака да купи 30 милиони дози од „Спутник в“

Во Македонија стигна втората пратка од руската вакцина „спутник в“

Германија сака да купи до 30 милиони дози од руската вакцина „Спутник в“ против Ковид-19 во јуни, јули и август, изјави денеска премиерот на германската покраина Саксонија, Михаел Кречмер.

Предуслов за тоа, како што додаде, е Европската агенција за лекови да даде одобрение за нејзина употреба.

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, претходно месецов рече дека Германија преговара со Русија за прелиминарен договор за набавка на вакцината „Спутник в“, потсетува Ројтерс.

Можете да прочитате

Хакиран данскиот централен регистар, изложени податоците на 8,8 милиони лица

Расте бројот содржини на Интернет со сексуална злоупотреба на деца генерирани со вештачка интелигенција

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември