Утрински Весник
Македонија

Двајца кандидати во трка за претседател на Апелацискиот суд Скопје

Apelacziski sud.webp.webp

Судскиот совет денеска ги усвои извештаите на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документацијата по објавените огласи за избор на претседател на Апелацискиот суд Скопје и Основниот суд Струга, при што констатираше дека тројцата пријавени кандидати ги исполнуваат условите за учество во понатамошната постапка.

За претседател на Апелацискиот суд Скопје се пријавиле судиите Зоран Герасимовски и Лидија Зимбовска, додека, за претседател на Основниот суд Струга единствен кандидат е Танче Петревски.


По разгледувањето на доставената документација, Судскиот совет утврди дека пријавите се навремени и комплетни, по што ги усвои извештаите на надлежната комисија и одлучи постапката за избор да продолжи во следната фаза.

На денешната седница Советот го усвои и извештајот од извршената работна посета на Основниот кривичен суд Скопје.

Судскиот совет избра и разреши судии-поротници за Основниот суд Виница, Основниот суд Дебар, Основниот суд Кочани, Основниот суд Охрид и Основниот суд Радовиш.

Претходно на денешната седница Судскиот совет избра претседатели на основните судови во Гостивар, Дебар и Свети Николе и ги усвои тримесечните извештаи за работата на судовите во периодот април – јуни 2026 година при што судовите на ниво на државата беа оценети како неажурни.

Можете да прочитате

Директорот на НУ Историски музеј – Крушево, Миха Оџаклиески, поднесе оставка

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси