Утрински Весник
Македонија

Студенти одржаа симулација на седница на Советот за безбедност

Студенти одржаа симулација на седница на Советот за безбедност
300x250 (7)

Студенти на катедрата по меѓународни односи на Филозофскиот факултет при УКИМ, денеска одржаа симулација на седница на Совет за безбедност, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, со поддршка од партнерската фондација „Фридрих Еберт“.

Во симулацијата учествуваа девет студенти и секој од нив беше во улога на член на Советот за безбедност.

Ss1

Темата на дискусија беше „Заштита на животната средина и аерозагадувањето“, а двајца од студентите го претставуваа Министерот за животна средина и просторно планирање, и поранешениот директор на Државниот инспекторат за животна средина.

Претседателот Стево Пендаровски учествуваше во симулацијата и ја водеше како редовна седница на Советот за безбедност.

„ Целта на симулацијата е да се доближи работата на институциите кон младите кадри и практично да се запознаат со процедурите на функционирање на државните органи и тела“, порача претседателот Пендаровски.

Пред студентите, Претседателот ја образложи улогата на Советот за безбедност, неговиот состав и работа, додавајќи дека најчестите теми на Советот досега биле политичката и безбедносната состојба во државата.

„ Бидејќи институциите работат за интересите на граѓаните, за прв пат на седница на Советот за безбедност разговаравме и за животната средина на која присуствуваа и претставници од невладиниот сектор. Здравствената криза, пандемијата, вакцините, лажните вести беа, исто така, теми на Советот за безбедност изминатиов период“, рече претседателот Пендаровски.

Во насока на автентично изведување на настанот, студентите добија материјали и информации и беа запознаени со одредбите на Законот за класифицирани информации и со безбедносните сертификати.

Ss1

Можете да прочитате

Петровска објави скандал: ВМРО-ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статутот на партијата

ЕУ одвои 13,79 милиони евра за прекуграничен одржлив развој во С.Македонија и Албанија

„Правината се танчи, ама не се кинит” – нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”