Утрински Весник
Македонија

Стефановски: Младите се заборавени од оваа власт, но не и од ВМРО-ДПМНЕ

Стефановски: Младите се заборавени од оваа власт, но не и од ВМРО-ДПМНЕ

Стефан Стефановски, претседател на Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Денот на младите вели дека УМС била и ќе биде партнер на младите.

„Денес младите во Македонија се заборавени, основците и средношколците се оштетени со лошо спроведената онлајн настава, а да не зборуваме за дополнителните мерки кои многу држави ги спроведоа за учениците за време на коронакризата со цел да се доусовршуваат и доразвиваат на секое поле. Студентите изгубија три семестри, а државата не најде време да ги уреди, а дигитализацијата е се уште далечен термин. Недостатокот од пристап до онлајн библиотеки е недостижно за власт да го осмисли, а не пак да го реализира.

Денес секој млад човек во Македонија е бесперспективен, разочаран и изманипулиран, чувства кои се сосема нормални во услови на ваква негрижа за младите луѓе“, изјави Стефановски.

Според него, со новиот концепт кој ВМРО-ДПМНЕ го промовираше „Македонија за сите луѓе“, иднината на младите е во фокусот и најголем приоритет при политичкото делување на партијата.

Можете да прочитате

Мицкоски: Со задоволство ќе го угостам Трамп Македонија

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството