Утрински Весник
Свет

Истражување во САД: Вакцината на „Модерна“ поефикасна против делта сојот од онаа на „Фајзер“

Истражување во САД: Вакцината на „Модерна“ поефикасна против делта сојот од онаа на „Фајзер“

Ризикот од заразување со коронавирус е поголем кај оние кои примаат вакцина од „Фајзер“ отколку на „Модерна“, објави непрофитниот медицински центар „Мејо клиник“ по обемно истражување спроведено низ САД.

Студијата покажала дека во јули на Флорида, каде што случаите на ковид достигнаа историски максимум, а преовладува делта варијантата, ризикот од инфекција бил за 60% помал за оние кои примиле „Модерна“ отколку кај оние вакцинирани со „Фајзер“.

Слично на тоа, во Минесота минатиот месец, авторите открике дека „Модерна“ (позната и како mRNA-1273) е 76% ефикасна во спречувањето на инфекцијата, а вакцината на „Фајзер“ (позната како BNT162b2) е 42% ефикасна.

ЦДЦ известува дека ризикот од инфекција е 8 пати поголем кај невакцинираните отколку кај вакцинираните, а ризикот од хоспитализација или смрт е 25 пати поголем.

Студијата понатаму наведува дека е можно резултатите од ефикасноста да се такви делумно и затоа што вакцините биле дадени пред неколку месеци, што може да влијае на бројот на антитела, а можно е и дека делта сојот е донекаде отпорен на вакцина.

Можете да прочитате

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка