Утрински Весник
Македонија

Сообраќајка кај велешкото село Дреново, едно лице повредено

Поведена истрага за силување против косовски државјанин

Велес, 26 март 2020 (МИА) – Сообраќајка на патот пред селото Дреново се случи претпладнево околу 11 часот, во која е повреден 27-годишниот М.Б од село Јаболчиште.

Како што информираат за МИА од СВР Велес, повредениот со своето возило самиот излетал од патот и се превртел со возилото на кровот,потоа излегол од возилото и самиот повикал Итна помош од Велес. Во меѓувреме неговите роднини го зеле со возилота екипата на велешка Брза помош го пресретнала на патот Дреново – Лисиче и му укажала прва помош.

Васе Панова од Службата за Итна Помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес информира дека веднаш  му била укажана прва помош.

-Надворешно немаше поголеми повреди, а се жалеше на болки во градите, најверојатно поради нагмечувања од воланот, појасни Панова. Тие со возило на Итна помош повредениот 27 годишен М.Б го однеле итно во велешката Општа болница, каде ќе биде снимен на рентген за да се утврдат повредите.
СВР Велес е на увид на местото на настанот, информира за МИА, портпаролот Верољуб Додевски.ад/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница