Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време, но во попладневните и вечерните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски формира нов сателит – ЗНАМ 2.0

Ми беше другар… си замина тивко, без поздрав – Калиопи се збогува од Владо Јаневски

Ноќен земјотрес ја стресе Македонија