Утрински Весник
Македонија

Скопјани се тепале и кршеле во ресторан во Аеродром, полицијата ги приведе

Двајца скопјани нападнале 28-годишник и го оштетиле инвентарот во ресторан во скопската наслеба Аеродром.

Како што информираа од полицијата, тие се приведени и веќе се наоѓаат во притвор.

„Полицијата поднесе кривична пријава против М.К.(28) и М.М.(43), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. На 05.05.2022 во 12.20 часот во угостителски објект на улица „Методија Шаторов – Шарло“ во Скопје, пријавените физички го нападнале М.Т.(28) од Скопје и оштетиле дел од инвентарот. По преземени мерки, тие биле пронајдени и лишени од слобода од полициски службеници од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје. Од страна на Судија на претходна постапка на пријавените лица им е одредена мерка притвор“, информираат од МВР за случајот.

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа