Утрински Весник
Свет

Две лица загинаа откако авион на „Ер Канада експрес“ удри во противпожарно возило на аеродромот во Њујорк

20260323094504 big 730x400 59.webp.webp

Пилотот и копилотот на авионот на „Ер Канада експрес“ загинаа, откако леталото при слетување на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк се судри со противпожарно возило. Во инцидентот повредени се десетици лица.

Со противпожарното возило управувале полицајци. Според американските медиуми, во инцидентот со фрактури се здобиле наредник и полицаец. Тие се примени во болница и се во стабилна состојба.


Со авионот ЦРЈ-900, што полета од Монтреал, се превезувале 72 патници и четворица членови на екипажот.

Авионот удрил во противпожарното возило со брзина од 39 километри на час.

Поради инцидентот американската Федералната администрација за воздухопловство (ФАА) ги приземји сите авиони на аеродромот во Њујорк. 

Можете да прочитате

Политико: Европската Унија планира постепена интеграција на идните членки преку економски бенефиции

Најмалку 55 лица се удавија во Франција обидувајќи се да се разладат од екстремните горештини

Прогласена вонредна состојба на Крим, илјадници возила заглавени на Кримскиот мост