Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад

So3.jpeg

Службите на Општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало.

Расчистена е површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла”.


Акцијата е дел од пошироките активности на општината за расчистување на диви депонии на повеќе локации на територијата на Центар.

„Нема да дозволиме ниту еден дел од општината да биде запоставен. Континуирано чистиме и интервенираме за подобра јавна хигиена. Но, ова е и заедничка одговорност. Апелирам до граѓаните да ја чуваат животната средина и да не фрлаат отпад на недозволени места”, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Службите на Општина Центар ги повикуваат граѓаните да пријавуваат диви депонии, со цел нивно навремено отстранување и спречување на загадувањето на воздухот, почвата и водата, што директно влијае врз здравјето на жителите.

Можете да прочитате

Герасимовски: Македонска песна и оро утре на „Боемска” со КУД „Орце Николов”, Блага Петреска и Наум Петрески

Ништо од долгоочекуваниот лунапарк – Град Скопје го раскинал договорот вреден 10 милиони евра

Средба со бордот на директори од ЕБОР – Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓаните