Утрински Весник
Свет

Британија: Освен Украина, Западот мора да им помогне и на Западен Балкан, Тајван, Молдавија

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ги повика западните сојузници да и помогнат не само на Украина, туку и на земјите од другите делови на светот да се одбранат од агресијата на автократските власти.

За германскиот весник Ди Велт, објавен, Трас рече дека меѓународната заедница треба да помогне во одбрана од агресијата и жителите на другите региони, вклучително и Западен Балкан, Молдавија и Тајван.

Сппред британската политичарка, автократите и потенцијалните агресори ширум светот внимателно ги следат случувањата во Украина и дека затоа е важно да се испрати порака дека таму ќе бидат заштитени националниот суверенитет и владеењето на правото.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд