Утрински Весник
Македонија

Скопјанец утрово приведен во трговски центар, носел пиштол и муниција

Утрово во трговски центар на подрачјето на Центар, полициски службеници го привеле М.Е.(26).

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти МВР, кај него биле пронајдени пиштол непозната марка 6.25мм и рамка со 4 куршуми.

Притоа, М.Е. немал дозвола за поседување огнено оружје, со што се сомничи дека сторил кривично дело предвидено и казниво по член 395 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје

Спречени два обиди за криумчарење на мигранти, приведени двајца криумчари,

Тошковски: За секој што ќе биде утврдено дека е одговорен ќе има законски последици