Утрински Весник
Свет

Во Словенија потврдени 35 случаи на мајмунски сипаници, третина од нив се заразиле во странство

Вкупно 35 случаи на мајмунски сипаници во Словенија се потврдени од првиот случај во мај, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје.

dobivaj vesti na viber

Податоците на Институтот покажуваат дека една третина од луѓето се заразиле во странство – во Шпанија, Италија и во Босна и Херцеговина, пренесе агенцијата СТА.

Уште една третина се заразиле во Словенија, а за преостанатите сѐ уште не е познато од каде се заразиле.

Мајмунските сипаници почнаа да се шират од Западна и Централна Африка, каде што болеста е ендемична.

Последните податоци на СЗО покажуваат дека се потврдени повеќе од 18.000 случаи на инфекција и пет смртни случаи во 78 земји во светот.

Можете да прочитате

Израелски министер повторно се закани со уништување на Газа

„Алибаба“ претстави нов чип за вештачка интелигенција и најави значително поголем модел

Светските лидери се собираат во Њујорк: Војните, климата и вештачката интелигенција пред Обединетите нации