Утрински Весник
Магазин

„Сквид гејм“ го собори „Бриџертон“ од првото место на „Нетфликс“

„Сквид гејм“ го собори „Бриџертон“ од првото место на „Нетфликс“

Сите претпоставуваа, но сега е официјално: Squid Game стана најголемото лансирање на Нетфликс-серија досега.

Јужнокорејската драма ја гледале 111 милиони корисници во првите 28 дена, со што „Бриџерттон“ (82 милиони) падна од првото место.

Потпретседателот на „Нетфликс“ за содржини во Кореја, Југоисточна Азија, Австралија и Нов Зеланд изјави дека успехот на серијата е „над нашите најлуди соништа“.

Минјанг Ким за „Си-ен-ен“ рече: „Кога започнавме да инвестираме во корејски серии и филмови во 2015 година, знаевме дека сакаме да создадеме приказни од светска класа за фановите на к-содржина во делови на Азија и во светот.

„Денес, Squid Game проби преку нашите најлуди соништа“.

Дистописката серија од девет епизоди, која дебитираше во септември, ја раскажува приказната за група натпреварувачи кои учествуваат во серија детски игри. Има награда од 45,6 милијарди корејски вони (28 милиони фунти), што не звучи многу лошо додека не сфатите дека ако изгубите, ќе бидете убиени.

Можете да прочитате

Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб