Утрински Весник
Спорт

Оние што играат во Европа ќе имаат една недела за подготвки пред СП

Оние што играат во Европа ќе имаат една недела за подготвки пред СП
Ss2

Играчите кои настапуваат во Европа, една недела пред почетокот на Светското првенство во Катар, ќе им се приклучат на своите национални тимови. Ова го објави „Екип“, повикувајќи се на таен документ кој УЕФА им го испратила на клубовите.

Овој извор тврди, дека во документот стои, дека играчите од клупските обврски ќе бидат ослободени на 14.ноември 2022 година. Мундијалот во Катар ќе се одржи од 21.ноември до 18.декември 2022 година.

Ss1

Одлуката на УЕФА е скандалозна, бидејќи селекторите нема да имаат време да ги спроведат планираните подготовки.

Досега, пред сите големи натпреварувања, националните тимови имаа околу три недели за подготовки.

УЕФА одби да ги коментира наводите објавени во „Екип“.

> Оние што играат во Европа ќе имаат една недела за подготвки пред СП <

Ss1

Можете да прочитате

Добра вест за Анчелоти е враќањето на Куртоа во тимот

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка