Утрински Весник
Свет

Силна песочна бура во Ирак

Силна песочна бура го погоди Ирак, поради што беа прекинати летовите на меѓународниот аеродром во Багдад, а затворени се и некои државни училишта и компании, јавуваат тамошните медиуми.

Властите во Багдад, вклучително и Министерството за образование, прогласија слободен ден за институциите на локалната власт, со исклучок на здравствените услуги.

Стотици луѓе во главниот град на Ирак и во јужните градови побараа помош поради тешкотии со дишењето, соопштија медицинските власти.

Меѓународниот аеродром во Багдад во соопштение информира дека го затвора својот воздушен простор и ги суспендира сите летови до понатамошно известување поради слабата видливост.

Најмалку една песочна бура неделно го погоди Ирак во последните неколку недели, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

Осуммина повредени во руски напад врз Одеса

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната

Едно лице загина, девет се водат како исчезнати во уривање на хемиски резервоар во американската сојузна држава Вашингтон