Утрински Весник
Магазин

Ричард Гир и сопругата на хуманитарен настан во Њујорк

Холивудскиот актер Ричард Гир и сопругата Алехандра Силва присуствуваа на добротворен настан во Њујорк во вторникот вечерта.

Некогашниот најсекси маж на светот (72) изгледа елегантно во темен костум и бела кошула на гала-свеченоста „Сити харвест ред сапер“.

Неговата сопруга (39) е еднакво прекрасна во долг темносин фустан со црни апликации.

Актерот од Чикаго е познат како активист и долгогодишен поддржувач на организацијата која собира пари за да обезбеди оброци за оние на кои им се потребни.

Во вторникот беше првпат во ерата на пандемија добротворната организација да одржи собир со лично присуство.

Настанот во 2019 година собра повеќе од четири милиони долари, а организаторите се надеваат дека годинава ќе ја надминат сумата бидејќи потребата во Њујорк е зголемена за 36 проценти од почетокот на пандемијата.

Можете да прочитате

Митровденска задушница – спомен за починатите

ФБИ го уапси таткото на Меган Маркл – осомничен за поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца

СЗО предупреди дека многу деца и млади многу малку се движат