Утрински Весник
Македонија

Приведени разбојници во Скопје, со закана кон вработена одзеле пари од обложувачница

Вчера, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода Р. А. (20) и Р. А. (21), двајцата од с. Арачиново.

Тие се сомничат дека на 25.4.2022 во спортска обложувачница на улицата Спиро Црне во Скопје со закана кон вработената одзеле пари.

Во нивното возило биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Во службен разговор со полициски службеници тие го признале делото.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези,…

53-годишник не застанал на знак за запирање и со возилото удрил полицаец

Скопјанец ја следел и вознемирувал поранешната партнерка