Утрински Весник
Култура

Ретроспективна изложба – 45 годишно творештво на Мики Трендафиловски во Куманово

Ретроспективна изложба – 45 годишно творештво на Мики Трендафиловски во Куманово
Img 5587

Во периодот од 03 до 10 декември во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде поставена Ретроспективната изложба „45 години творештво на Мики Трендафиловски“.

Изложбата содржи 30-тина слики и цртежи преку коишто се претставени творечките фази на овој ликовен автор. Проектот е подржан од Министерството за култура.

Мирослав Трендафиловски Мики e сликар, роден 1958 година во Куманово, каде живее и работи како самостоен уметник. Досега има реализирано 27 самостојни изложби ( Куманово, Скопје, Свети Николе, Крива Паланка, Штип, Прилеп, Неготино, Кочани, Струмица, Крушево, Кратово, Кавадарци, Битола, Виница Охрид, Приштина, Врање, Јагодина, Крагуевац, Ниш) и учествувано на голем број меѓународни ликовни колонии и групни изложби во земјава и надвор од неа.

Своето прво самостојно преставување го има доживеано во далечната 1981 година од минатиот век како војник во Приштина тогашна СФРЈ. Добитник е на повеќе награди, признанија и благодарници за своето 45 годишно ликовно творештво. Во последните дваесет години од своето ликовно творештво работи како уметнички раководител на повеќе Меѓународни ликовни колонии и културни манифестации во земјава и надвор.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“