Утрински Весник
Свет

Ракетирана железничката станица во регионот на Днепар

Ракетирана железничката станица во регионот на Днепар

Ракетни напади уништија железничка станица во градот Павлоград во централно-источниот украински регион Днепар, при што загина едно лице, изјави денеска гувернерот Валентин Резниченко.

Тој додаде дека ракетниот удар ги оштетил шините доволно за да се спречи минување на возовите на неодредено време, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Два брзи воза се судрија во Шпанија, над 50 загинати

Руски медиуми: Хеликоптер на германското воздухопловство леташе во близина на руската граница

АфД бара радикално прекројување на ЕУ, во спротивно најавува референдум за излез на Германија