Утрински Весник
Свет

АфД бара радикално прекројување на ЕУ, во спротивно најавува референдум за излез на Германија

Afd.jpg

Германската крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) предлага драстично ограничување на овластувањата на европските институции и пренесување на одлучувањето кон националните влади и парламенти. Планот, за кој пишува британски „Телеграф“, предвидува Европската Унија да се претвори во полабав сојуз на суверени држави.

Копретседателката на партијата, Алис Вајдел, го претстави концептот во Европскиот парламент во Стразбур на 21 октомври. Таа порача дека, доколку не се спроведат бараните промени, АфД би се залагала за референдум за германското членство во Унијата.


Меѓу најдалекосежните предлози е укинувањето на непосредните избори за Европскиот парламент. Наместо граѓаните да ги избираат европратениците, нив би ги назначувале националните парламенти. Европската комисија би била сведена главно на административни задачи, а Судот на Европската Унија би бил заменет со арбитражно тело.

Партијата бара и намалување на европскиот буџет и германските уплати, како и можност државите да се изземат од заедничките правила во одделни области, вклучително миграцијата и социјалната политика.

Предлозите опфаќаат и откажување од целта за нето-нулта емисии и повлекување на забраната за продажба на нови бензински и дизел-автомобили од 2035 година. АфД, истовремено, сака да ја задржи соработката во трговијата, одбраната, граничната заштита и заедничките технолошки проекти.

Спроведувањето на ваков план би барало темелни промени на европските договори и едногласна согласност од сите 27 членки. „Телеграф“ оценува дека предложените промени се толку обемни што би значеле разградување на Унијата во нејзината сегашна форма.

Можете да прочитате

Израелските медиуми со различни резултати од излезните анкети за парламентарните избори

Во Конго регистрирани повеќе од 10.000 случаи на ебола – најбрзо растечка епидемија на болеста во историјата

САД следната година ќе ја испратат првата подморница на нуклеарен погон во Австралија