Утрински Весник
Свет

Путин потпишал нов закон за воведување визи за дипломатите на ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се укинува поедноставената процедура за издавање визи за голем број европски земји, пренесува „РИА Новости“.

Во образложението се истакнува дека под овој закон спаѓаат носители на дипломатски пасоши, како и членови на официјални делегации, национални и регионални влади и парламенти, уставни и врховни судови и новинари.

Оваа одлука се однесува на одредени категории граѓани на ЕУ, Данска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, пренесува медиумот.

Можете да прочитате

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд

Маж уапсен со оружје во близина на Белата куќа по наводна закана кон Трамп