Утрински Весник
Свет

Папата Франциско: Мариупол е варварски бомбардиран

Во своето неделно обраќање на плоштадот Свети Петар, папата Франциско го опиша конфликтот во Украина како „ужасна регресија на човештвото“, што, како што рече, го тера да „страда и плаче“, пренесуваат агенциите.

Обраќајќи се пред илјадници луѓе собрани на плоштадот Свети Петар, тој повика на отворање на хуманитарни коридори за евакуација на луѓето заробени во фабриката за челик во Мариупол, пренесува Ројтерс.

Папата повторно имплицитно ја критикуваше Русија, велејќи дека Мариупол е „варварски бомбардиран и уништен“.

Можете да прочитате

Иран се заканува: „Оваа војна е сè или ништо“

Трамп размислува за напади врз Мали

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп