Утрински Весник
Македонија

Претрес во Кичево, пронајдена дрога

Полициски службеници од одделението за недозволена трговија при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево вчера ја лишиле од слобода М.Т.(22) од Кичево. При претрес во нејзиниот дом во Кичево, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле кафеава прашeста материја, повеќе шишенца со непозната течност, марихуана и други предмети. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Беше во бегство, го уапсија во Косово, а сега повторно го нема: Красниќи пуштен 30 дена на лекување и не се вратил во „Идризово“

Цана: Нема пациенти со стомачни тегоби поради водата во Скопје

Што значи прогласување епидемија – 24info.mk