Утрински Весник
Македонија

Почина Агим Рамадани, доктор и поранешен пратеник

Почина Агим Рамадани, доктор и поранешен пратеник

Тетово, 3 март 2020 (МИА) – На 64-годишна возраст денеска почина Агим Рамадани, лекар во тетовската болница и поранешен пратеник од редовите на Демократска партија на Албанците (ДПА). Работел во Одделот за судска медицина и патологија, а бил пратеник во Собранието во периодот од 2006 до 2008 година.

Рамадани завршил Медицински факултет, специјализирал судска медицина и криминалистика, а магистрирал медицински науки. Работел како лекар по општа практика, а потоа и како специјалист во тетовската Клиничка болница. Предавал и на Универзитетот во Тетово.

Погребот е утре во родното Желино,Тетовско по пладневната молитва, информираат од семејството. Рамадани бил семен човек, татко на два сина.ас/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Акциска контрола на СВР Битола, казнети 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети

Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’

За влез во Грција се чека по неколку часа