Утрински Весник
Македонија

Поднесени три казнени налози од ОЈО Скопје

Владата утре ќе решава за скратување на полицискиот час

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Основното  јавно обвинителство Скопје денеска поднесе три предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно четири лица, осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје.

-Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија се движеле на различни локации без да поседуваат дозвола за тоа, соопштија од Обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за секого од обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби со висина на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност​. оџ/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Велосипедист удрил во пешак во центарот на Скопје

Николоски: Одржлив економски раст ќе постигнеме преку реализација на крупните инвестиции во автопатиштата и железницата 

Драма во Скопје: Мотоциклист удри во полициски мотор и повреди полицаец, кај него пронајдени дрога и над 100 таблети