Утрински Весник
Свет

Орбан со поддршка за Трамп: „Познат ни е моралниот империјализам на демократите“

Унгарија ја откажа прославата на националниот празник поради коронавирусoт

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја поддржа кандидатурата на американскиот претседател Доналд Трамп на претстојните претседателски избори во САД.

Тој рече дека го поддржува Трамп затоа што неговите ривали од Демократската партија во САД наметнале „морален империјализам“ на светот.

„Се надеваме на победа на Доналд Трамп, бидејќи добро ја познаваме дипломатијата на американските демократски власти, која е изградена врз моралниот империјализам“, истакна Орбан.

Орбан додаде дека Унгарија претходно ги проценила демократските власти во Соединетите држави и дека не сака да се повтори нивното владеење.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија издаде меѓународна потерница по основачот на Телеграм

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови