Утрински Весник
Македонија

За еден ден казнети 346 возачи во Скопје, 150 од нив возеле пребрзо

За еден ден казнети 346 возачи во Скопје, 150 од нив возеле пребрзо

Во текот на вчерашниот ден (20 септември) полицијата продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Така на територијата на Скопје, за 24 часа изречени се вкупно 346 санкции, од кои за возење без возачка дозвола за 17 лица, за пречекорување на брзината за 150 возачи, за нерегистрирани возила за 24 лица, 28 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотори, 54 мерки за непрописно паркирани возила и 29 возила подигнати со пајак, а изречени се и 48 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила за поголема безбедност во сообраќајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?