Утрински Весник
Македонија

Од идната недела се очекува скрининг во гостиварските градинки

Од идната недела се очекува скрининг во гостиварските градинки
Img 5587

Гостивар, 19 мај 2020 (МИА) – Гостиварската локална самоуправа започна со подготовките за отворање на градинките. Според градоначалникот Арбен Таравари, првиот чекор е скринингот на вработените во градинките и центрите за ран детски развој. Тестирањата треба да се спроведат на 25 и 26 мај.

– За отварањето на градинките е надлежно Министерството за труд и социјална политика и тие треба да дадат го конечниот збор. Секако, важно е тие да се отворат и родителите на децата да се вратат на работа. На тој начин животот ќе продолжи по нормален тек. Се надевам дека на почетокот од идниот месец, вратите на градинките ќе се отворат, рече Таравари.

300x250 (7)

Скринингот ќе се прави со PСR тестови. Целта е да се идентификуваат луѓето кои се заразени, а не се свесни за тоа бидејќи немаат симптоми.

Таравари смета дека треба побрзо да се спроведе и тестирање на вработените во јавните сектори со што ќе се овозможи подобра проценка за олабавување на рестриктивните мерки.

Од воведувањето на вонредната состојба, околу 700 деца од гостиварско седат дома.

Во меѓувреме, локалната власт привршува со подготовките за повторна дезинфекција на градинките и центрите за ран детски развој, која според Таравари, треба да заврши до крајот на мај. згм/бак/

          

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово