Утрински Весник
Скопје

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради атлетска трка

Soobrakaen Rezim 960x502 1.jpg

Утре 23.10.2026 (петок) со почеток во 08:00 часот, во организација на Атлетски клуб ќе се одржи атлетска трка по повод Денот на Македонската борба насловена како „Атлетска трка 23-ти Октомври“, со траса на движење од парк „Жена Борец“ на ул.„11-ти Октомври“, право по плоштад „Македонија“, право преку Камени мост, лево по ул.„Иљо Војвода“, лево по тротоарот на мостот „Гоце Делчев“, лево по кејот на р. Вардар до обележано место и назад по истата патека се до целта пред споменикот на Основачи на ВМРО во парк „Жена Борец“ во Скопје. 

Од  тие причини Единицата за безбедност  на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.


МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можете да прочитате

Меџити: Генерацијата од Битола ја исполни својата задача, наша одговорност е да обезбедиме квалитетно образование на албански јазик

Изменет режим на сообраќај поради воведување нови светлосни сигнали на крстосница улица „Скупи“ со улица „Љубљанска“

Ѓорѓиевски: Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР