Утрински Весник
Македонија

Асани: Благодарност до Град Скопје за решението – се отвора патчето за поставување цвеќе на спомен плочата на куќата на Мајка Тереза

Асани: Благодарност до Град Скопје за решението – се отвора патчето за поставување цвеќе на спомен плочата на куќата на Мајка Тереза

Скопје, 19 мај 2020 

Почитувани претставници на медиуми,

Денес сме собрани тука, неколку институции, кои се обединивме без разлика на нашата етничката или друга припадност, и без никаква тенденција, но секогаш поврзувајќи се само за името на нашата најголема Нобеловка од Скопје – Мајка Тереза. Освен мене како претставник на Институтот за Духовно и Културно наследство на Албанците – Скопје, тука се и претставниците на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, НУ Спомен куќата „Мајка Тереза“ – Скопје, Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза “- Скопје и Хуманитарното здружение „Мајка Тереза“ “- Струга.

Денес сме тука да објавиме дека – за среќа на сите – Градот Скопје се одважи и иако станува збор за неправедно приватизиран имот и во други услови, пронајде решение, со што се овозможува отворање на патчето за поставување цвеќиња на спомен плочата на куќата на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, како и поставување на белезите каде што беа темелите на куќата на Бојаџиу.

Му се заблагодаруваме на Градот Скопје и на сите луѓе со добра волја, и ја поздравуваме оваа одлука, со што се надеваме дека во иднина нема да има потреба ова прашање повторно да се поставува.

И кога сме веќе тука, сакаме да споменеме и еден друг факт, што е исто така многу важен. Оваа смрека, која се наоѓа во овој парк, е всушност смреката што Мајка Тереза ја има засадено со своите раце, во 1980 година – за време на нејзината посета во Скопје, означувајќи ја точката каде што порано била нејзината куќа. Затоа, со оглед на овие факти, во иднина ќе составиме елаборат, кој што ќе биде доставен до релевантните културни институции, со цел оваа област да биде прогласена за заштитена, и во иднина никој да не може да ја загрози.

Ликот на Мајка Тереза е најголемото духовно богатство што една држава како нашата може да ја има, но и заради фактот дека таа токму од тука се појави во големиот свет, каде што ги претстави сите најсуштински вредности на хуманоста и солидарноста. Токму заради ова, бараме од нашите институции да пронајдат правен модалитет за да нејзиното духовно и материјално наследство кое претставува национално богатство, го стави под државна заштита.

Темелите на домот на Мајка Тереза се можеби најважната пресвртница во историјата на личноста која го почести нашиот град повеќе од кој било друг во светот, а – меѓу другото – тоа е единствената точка на аџилак во Скопје, како и една од најважните туристички точки во нашиот главен град. Затоа, со оглед на сите овие факти, ние секогаш ќе бидеме тука за да ја афирмираме оваа идеја, и исто така сме силно убедени дека надлежните ќе бидат еднакво заинтересирани за ова прашање.

И додека сите ние го поддржуваме промовирањето на личноста и ликот и делото на Мајка Тереза, во духот на љубовта и разбирањето што таа ги промовираше во светот, би сакале текстот на спомен-плочата да го одразува нашето меѓусебно граѓанско почитување, како и законската дефиниција за употреба на јазиците во нашиот главен град.

Заштитата на ликот и делото на Мајка Тереза не бара никаков општествен протагонизам, затоа што најдобрата заштита што може да се направи за неа е конструктивниот пристап на сите нас, вклучувајќи ги и медиумите, и на македонски и на албански јазик, кои во текот на овие денови беа на високо професионално ниво и не оставија простор за ниту едно јавно недоразбирање. Овој професионален пристап заслужува аплауз од сите нас кои деновиве бевме учесници во оваа конструктивна дебата.

Скендер Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје

______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нападната судијката Кацарска во кафе бар во Скопје

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Ставот за прегласувањетo ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт