Утрински Весник
Македонија

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Vreme.jpg

На 25 октомври 2026 ќе почне зимското сметање на времето со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 3 часот се смета како 2 часот.

Одлука за утврдување на сметањето на времето во 2026 година, според која летното сметање на времето почна на 29 март 2026, а зимското сметање почнува на 25 октомври 2026, ја донесе Владата и  е објавена во Службен весник на 19 март годинава.


-Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Можете да прочитате

Силниот јужен ветер може да предизвика штети кај дуњите, јапонските јаболка и калинките

Мицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче” во Инџиково

Фрчкоски: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот