Утрински Весник
Македонија

На Табановце фатени без дозвола возила кои вршеле меѓународен превоз на патници

На Табановце фатени без дозвола возила кои вршеле меѓународен превоз на патници

На Граничниот премин Табановце изминатиот викенд при контрола биле откриени неколку возила како вршат меѓународен превоз на патници без дозвола.

Според информациите, се работи за автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.П.(54) од Скопје, патничко возило „митсубиши“, управувано од З.Б.(26) од Струмица и возило комби, управувано од Ж.Г.(46) од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Можете да прочитате

Ден на Европа – оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“

Ден на победата над фашизмот

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи