Утрински Весник
Македонија

МОН: Учебната година започнува на 1. септември, во тек се активности за успешен старт

Ss2

Министерството за образование и наука информира дека учебната 2022-2023 година ќе започне на 1 септември и за оваа цел, веќе се усвоени и објавени Kалендарите за организација на работата на јавните средни училишта и на основните училишта во новата учебна година.

dobivaj vesti na viber

„МОН во соработка со Бирото за развој на образованието и другите надлежни институции и партнери интензивно работат на обезбедувањето на сите неопходни услови за успешен почеток и тек на наставата. Во тек се повеќе инвестициски активности за изградба на нови и реконструкција на постојни училишни објекти, за изградба на спортски сали, набавка на опрема за дел од училиштата, поставување на 265 кабинети по природни науки во основните училишта и слично“ се вели во соопштението од Министерството.

Ss1

Оттаму потенцираат дека „втора година по ред продолжува етапната имплементација на најкрупната образовна реформа во основното образование која треба значително да го унапреди квалитетот на наставата, а училиштето да стане поинтересно место за младите“.

„По воведувањето на нови наставни програми за учениците од прво и четврто одделение минатата учебна година, сега нови наставни програми се подготвени и за второ и петто одделение, а во фаза на изработка се и нови учебници врз основа на истите, по сите предмети во соодветните одделенија. Сите постапки за одобрување на учебниците за прво, вторo, четврто и петто одделение за кои се изготвени нови наставни програми, се во различна завршна фаза на одобрување, така што, при евентуално пролонгирање на постапките и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето преку подготвени соодветни материјали, додека не ги добијат новите учебници“ соопштуваат од МОН.

Ss1

Можете да прочитате

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за вториот круг на претседателските избори