Утрински Весник
Спорт

Тодор Тодороски промовиран во Сумгајт

Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски е нов член на Сумгајт, прволигаш од Азербејџан. Тој денеска и официјално беше промовиран во новиот клуб.

dobivaj vesti na viber

23-годишниот десен бек во наредните две сезони ќе го носи дресот на Сумгајт.

Тодороски се пресели во Азербејџан од словачкиот прволигаш Серед. Претходно настапуваше за Раднички Ниш, а во кариерата беше дел и од Осиек, Шибеник, Вардар, Металург, Кожуф и од 11 Октомври.

Можете да прочитате

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона