Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Делото на Св.Климент Охридски како факел носеше светлина за целиот словенски род

Мицкоски: Делото на Св.Климент Охридски како факел носеше светлина за целиот словенски род
Img 5587

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честита 8-ми Декември денот кога се чествува големиот просветител Свети Климент Охридски.

„ Денес го славиме ликот и делото на светиот Климент Охридски, патронот на Македонската православна црква, големиот словенски просветител, книжевник, учител, првиот словенски епископ и основач на големата Охридска книжевна школа која преставува првиот своевиден словенски универзитет. Светиот Климент Охридски е длабоко врежан во македонската историска меморија, но и човек кој со своето цивилизациско дело, кириличната азбука, се запишал со златни букви во словенскиот свет, но и во европската и светска духовна и културна ризница.

Ss1

Тој е еден од најголемите и најдостојните ученици на светите Кирил и Методиј кој целиот свој живот го посветил на продолжувањето и ширењето на нивната работа. Како верен и доследен ученик на словенските просветители поминал макотрпен пат исполнет со премрежија и прогони, пат кој го издигна во еден од најголемите просветители. Неговото дело како факел носеше светлина за целиот словенски род.

Македонија е особено горда на неспорниот факт дека просветителскиот бран кој го понесе светиот Климент Охридски почна од Охрид, од Македонија и преку бројните преведени книги и учители кои произлегле од Охридската школа, се проширил во светот.

Вечен нека е споменот за свети Климент Охридски и неговото дело. Вечен и честит нека е празникот. Вечна нека е Македонија!“ истакна Мицкоски.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани