
На 11.10.2026 во 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Ново Село, општина Ѓорче Петров, бил пронајден починат Е.П.(69) од Грција, кој бил во лов со пријатели. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.


Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а пушката која починатиот ја носел со себе е подигната од увидна екипа за понатамошна постапка.

