Утрински Весник
Македонија

Запален службениот автомобил на заменик директорот на Државна лотарија, Ахмет Мифтари

Pozar avtomobil depositphotos 30157105 l.jpg

Ноќеска, после полноќ, било запалено возилото на заменик генералниот директор на Државна лотарија, Ахмет Мифтари. Информацијата за „Фокус“ ја потврдија и од МВР, од каде што посочуваат дека станува збор за службено возило на Лотарија.

-На 13.10.2026 во 02:12 во СВР Скопје М.А.(42) од Скопје пријави дека на ул.„Крсте Асенов“ во Скопје било опожарено патничко возило „бејџинг бејч“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Државна лотарија на Македонија, кое тој претходно го управувал. Пожарот е изгаснат од Бригадата за против пожарна заштита. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР за „Фокус“.


Можете да прочитате

Бугарскиот европратеник Ковачев до Македонија: Немате основа да се жалите за случајот со Ива Михаилова

Европски пат низ призма на одложено дејство или ново одложување на европската иднина?

Запален службениот автомобил што го користел заменик-директорот на Државна лотарија