Утрински Весник
Политички Партии

Милошоски: Филипче наместо да се заминава со набавка на вакцини трчаше по провизии

Милошоски: Филипче наместо да се заминава со набавка на вакцини трчаше по провизии
300x250 (7)

 

Антонијо Милошоски, пратеник во собранието и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ во изјава при теренска посета на Битолско кажа дека справувањето со корона кризата од страна на министерот Филипче е неуспешно и затоа Македонија има најмалку имунизирано население во регионот.

Милошоски потенцираше дека доколку министерот Филипче не трчал по провизии и посериозно се занимавал со справување со здравствената криза Македонија немаше да има огромен број на починати и сериозна економска штета.

300x250 (7)

„ Сметам дека справувањето со корона кризата е неуспешно бидејќи министерот за здравство Венко Филипче наместо да се заминава со набавка на вакцини и обука на персонал за подобра организираност во оваа пандемија тој трчаше по провизии и Македонија остана за жал земја во регионот која што има најмалку имунизирано население“ рече Милошоски.

Милошоски додаде дека за катастрофалната здравствена и економска криза и за огромниот број на загубени животи и работни места министерот за здравство Филипче и премиерот Заев не носат само морална одговорност туку и здравствена и законска одговорност за штетата која е направена.

„ Колку време помина од декември кога Филипче ветуваше дека ќе почне вакцинацијата до денес и колку жртви човечки и жртви економски имаме како држава покажува дека Филипче и Заев не носат само морална туку носат и здравствена и законска одговорност за оваа штета што е направена. Прекумерната смртност за Македонија е катастрофална, а економските штети мислам дека се многу големи и затоа сметам дека тандемот Заев Филипче со непреземање на навремени дејствија нанесоа голема здравствена и економска штета на државата“ заклучи Милошоски.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт