Утрински Весник
Свет

Сахин: Вакцината на „Бионтек“ е ефикасна против индиската варијанта на коронавирусот

Сахин: Вакцината на „Бионтек“ е ефикасна против индиската варијанта на коронавирусот

Основачот и директор на лабораторијата „Бионтек“, Угур Сахин, денес изјави дека е убеден во ефикасноста на вакцината, која ја развија со американската група „Фајзер“, против индиската варијанта на коронавирусот.

„Иако тестовите се во тек, индиската варијанта има мутации што веќе ги проучивме и против кои дејствува нашата вакцина“, рече Сахин на онлајн прес-конференција.

Сахин рече дека „Бионтек“ ја тестирал својата вакцина на повеќе од 30 варијанти на вирусот и дека секој пат се добива доволен имунолошки одговор.

Варијантата Б.1.617, која првпат се појави во Индија, е откриена во најмалку 17 земји.

Според Светската здравствена организација, Велика Британија, САД, Белгија и Швајцарија се меѓу земјите каде што е потврдено присуството на оваа варијанта на вирусот.

Можете да прочитате

Папата пред повеќе од милион луѓе на миса во Мадрид ги повика младите да пронајдат вера

Руски научници развија нови препарати за дијагностицирање и лекување агресивни тумори во мозокот

Кина започна специјална поморска операција во близина на Тајван